Владата ќе кофинансира вработувања, опремувања и закуп за продавници на македонски вина

Од:

Владата финансиски ќе ги поддржи односно ќе го кофинансира опремувањето, закупот и вработувањата на околу 30 новоотворени специјализирани туристички продавници или штандови за македонско вино, со што ќе се отворат од 150 до 200 нови работни места.

Продавниците или специјализираните вински штандови, кои треба да се отворат во текот на годината, ќе бидат сместени во централните градски подрачја, граничните премини, места со посебно историско или културно значење…

За опремување на продавница, информира на денешната прес – конференција портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, ќе се кофинансира сума од 50 проценти од направените трошоци за опремување, но не повеќе од еден милион денари по продавница, додека за вински штанд 100 проценти од трошоците за изработка на штандот, но износ не повеќе од 600.000 денари. Трошоците за закупнина ќе се кофинансираат во висина од 50 проценти од износот на годишната закупнина, но не повеќе од 30.000 денари месечно по продавница.

– Ќе се кофинансираат вработувањата на најмногу 4 вработени лица по продавница, како и на најмногу 2 вработени лица за продажба на вински штанд за македонски вина. Висината на кофинансирањето ќе биде утврдена со јавниот повик, но таа не смее да биде помалку од 50 проценти од просечната годишна/месечна бруто плата. Не се исклучува можноста во зависност од интересот да се финансира и целата бруто плата, појасни Ѓорѓиев.

Критериумите кои треба да ги исполнува правното лице меѓу другите за да може да конкурира за финансиска поддршка е и приложување договор за закуп на просторот што е предмет на уредување, опремување или сместување на штандот што е најмалку за три години, преддоговори со производители или трговци на вино за снабдување со македонски вина, застапеност на најмалку 15 производители на вино, а вработените пак треба да имаат солидно познавање на англиски јазик и основни познавања за вина.  Еден корисник може да користи помош за најмалку 2 продавници и еден вински штанд или три вински штанда.

– Со оваа поддршка се дава сериозен придонес во развојот на туризмот, во развојот на трговија и во поддршка на макеоднсктие компании кои тргуваат и произведуваат вина, но се обезбедвуаат нови работни места со директна поддршка на државата, нагласи владиниот портпарол Ѓорѓиев, додавајќи оти оваа мерка е димензионирана во соработка со Стопанските комори на Република Македонија, особено на иницијатива на Македонската асоцијација на винопроизводители.

За сите продавници и вински штандови, кои треба да се отворат годинава, постои унифицирано идејно решение во рамки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостоопанство, кое ќе имаат обрска да го применуваат во рамки на опремувањето, а ги исполнува постуалтите за прикажувањето на традициите на Република Македонија.

Предвидено е да биде објавен повик за отворање продавници и вински штандови во Скопје, Охрид, Кавадарци, Берово, Штип, Струмица, Прилеп, Битола, Крушево, Гевгелија, Дојран, како и во Маврово, Попова Шпака, Кожуф, аеродромите „Александар Велики“ и „Св. Апостол Павле“ и меѓународната автобуска станица во Скопје.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница