Владата ќе финансира промоција на македонски компании низ светот

Од:

Владата финансиски ќе поддржи презентација на македонски земјоделски производи и брендови на шест реномирани саемски манифестации во Русија, Кина и Германија, со околу 1 милион и 200 илјади евра.

„Владата ќе финансира организиран настап на македонските компании на најреномираните и најпознати светски саемски манифестации, преку финансирање на трошоците за закуп на саемски простор, изработка на заеднички национален павилјон, тематски штандови, покривање на националното презентирање со подготовка на промотивни материјали и активности“, рече Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

„Покрај учество на овие саеми, Владата финансиски ќе поддржи и промоција на македонското вино на таргетирани пазари во Полска, Холандија, Швајцарија и Словенија, како пазари кои имаат голема аспорциска моќ, а на кои македонското вино не е доволно застапено“, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата