Сточарите денеска на работен состанок во Министерството за земјоделството побараа помош од Владата поради скапата добиточна храна.
Сушата ги намали приносите, а цената на добиточната храна вртоглаво порасна.
„Владата ќе интервенира со одредена количина сточна храна од државните резерви за да се надмине недостигот што сериозно ги погоди фармерите“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Колкава количина ќе се издвои од стоковните резерви допрва ќе биде утврдено.
Интервенцијата преку државните резерви не треба да биде пракса, смета министерот. Затоа ќе се оди бара друго решение, при доделувањето државно земјоделско земјиште посебно да се дефинираат површини што ќе им бидат поделени на одгледувачите на добиток исклучиво за производство на сточна храна.