Владата им препорачува на банките од среда да почнат со исплата на пензии

Од:

Владата го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.05.2020 година, при што се препорачува на деловните банки од среда 27.05.2020 година да обезбедат пензионерите со мајските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски