Владата им предлага на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии

Од:

На последната седница Владата ја разгледала и ја усвоила Информацијата за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжила Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година.

„Како заклучок во врска со исплатата на априлските пензии, Владата заклучи да им препорача на деловните банки од петок 24.04.2020 година да обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа“, стои во владиното соопштение.

Како дополнителен заклучок им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– Во понеделник, на 27.04.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

– Во вторник, на 28.04.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

– Во среда, на 29.04.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

– Во четврток, на 30.04.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Би можело да ве интересира

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

Затворски и куќен притвор, но и мерки за претпазливост одреди судот за 23 осомничени кои „делеле“ туѓа нега и пензии