Владата го продолжи рокот за постоење на кризна состојба со топлинска енергија до 30 април

Од:

Владата на денешната 13-та седница, која што се одржа преку видео-конференциска врска, донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

„На предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и на Министерството за економија, со оваа одлука се продолжува рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија до 30 април 2022 година.

Одлуката, која ќе биде испратена на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија, ќе отпочне да се применува од 17 февруари 2022 година“, велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи