Владата ги намали макароните за 15 отсто, а млечните производи за десет затоа што досега компаниите користеле максимална маржа

Од:

Владата ја замрзна, односно ја намали цената на тестенините за 15% во однос на цената која се применува во трговијата на мало од 1 март.

Со одлуката за замрзнување цените на макароните и шпагетитесе намалува за околу 8-9 денари, а се укинуваат и царинските давачки за увоз на овие производи од 13 март до 31 мај 2023 година.

Се замрзнуваат цените на трајното кравјо млеко со масленост од 3,2%, 2,8% и 3,5%, на урдата, кравјо бело и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт без додатоци.

Цените се намалуваат за 10% и оваа одлука ќе се применува од 16 март до 31 мај 2023.

– Претходната година оваа влада донесе две важни одлуки во јуни и октомври со утврдување на трговските маржи на одредени основни производи како лебот, млекото, оризот, јајцата.

Согласно анализите од секторот за трговија, повеќето од компаниите ја користат максималната маржа која беше наведена и затоа одлучивме да го смениме моделот и да ги смениме цените.

Ќе ни останатат шеќерот, јајцата од кокошка и македонски ориз за кои следната недела ќе се направат анализи. Можно е да бидат замрзнати и овие цени – рече министерот за економија, Крешник Бектеши.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за Крешник Бектеши и за 12 други лица во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“

Екс директорот на ДПИ-Горан Трајковски и Бектеши се сослушуваат во Обвинителството

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

Се предлага трговците да ги објавуваат цените на производите на своите веб-страници

Што растеше побрзо – платите или цените?

(ВИДЕО) Ристески: Донесена е одлука за ограничување на маржата за 1.000 производи