Влада: Шестиот пакет владини мерки тежи 17,8 милиони евра, ќе се насочи кон 12 дејности

Од:

Шестиот пакет владини мерки, вреден 17,8 милиони евра, содржи таргетирана финансиска помош за околу 10.000 компании и околу 60 илјади вработени во 12 сектори, соопштија од Владата.

Опфатени се угостителските објекти кои воопшто не работат поради рестриктивните мерки во изминатите 14 дена, потоа ноќните клубови, рестораните за свадби, евент индустријата, фитнес центрите, фотостудијата и приватните детски одмаралишта. Мерки има и за туристичките агенции.

На угостителските објекти ќе им бидат покриени 30 проценти од приходите. Дополнително ќе добијат по 15.200 денари финансиска поддршка за секое вработено лице за што ќе бидат одвоени 9,9 милиони евра со која ќе бидат опфатени 6.000 угостителски објекти со околу 17 илјади вработени.

Со околу 2,5 милиони евра ќе бидат поддржани приватните детски одмаралишта, ноќните клубови, игротеките, рестораните за свабди, евент индустријата, фитнес центрите и фотостудијата, информираа од Владата.

Би можело да ве интересира

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот