Влада: Македонија ќе аплицира за користење на макро-финансиска поддршка на ЕУ

Од:

Владата на денешната 39-та седница, којашто се одржа преку видеоконференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од користење на Макро-финансиска поддршка (МФП) од Европската Унија за не – ЕУ држави.

„Владата го задолжи Министерството за финансии во рок од 7 дена да испрати до Европската Комисија писмо за формално барање за користење на Макро-финансиска поддршка од Европската Унија за Република Северна Македонија.

МФП е наменета за земји кои географски, економски и политички се блиску до ЕУ, вклучувајќи ги земјите кандидати, потенцијалните кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се граничат со ЕУ, односно сите земји опфатени со Европската соседска политика, а во одредени околности и други трети земји и има за цел да помогне на земјите апликанти за оваа финансиска поддршка во враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските прилагодувања и структурните реформи и е наменет како дополнување на финансирање претходно одобрено од ММФ“, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите