Влада: Евтините средства од Светска банка да се користат по избори, СДСМ да ги прекине блокадите

Од:

По двата прифатени предлози на Вељаноски за делобокада на Буџетот и по прифаќањето на рекордните 44 амандмани од страна на вицепрмиерот Ставревски, предлози кои СДСМ ги одби, Владата денеска повторно со предлог со кој се предвидува евтините средства од Светска банка да не се користат до одржувањето на локалните избори.

– Денеска сакаме да предолжиме уште една работа, бидејќи освен СДСМ што го кочи донесувањето на Буџетот, го кочи и финансирањето на Буџетот, односно земањето на евтините средства од Светска банка кои се неопходни за финансирање на Буџетот за 2013 година. Притоа беа изнесени од нивна страна невистини дека тие ќе се користат пред избори за други намени и слично. И во таа насока за да се уверат луѓето од СДСМ дека тие средства не се наменети за тоа, туку за финансирање на Буџетот и дека и да немаше локални избори Република Македонија ќе требаше да ги земе тие средства, а за да не пропаднат средствата, бидејќи се под навистина извонредни услови со само 0,6 проценти камата за првите 50 милиони долари и 3,9 проценти вторите 250 милиони евра еве денеска им нудиме на СДСМ тие 250 милиони евра да ги ставиме на посебна сметка кај Народна банка. Во договорот што ќе го поминеме во Собранието, доколку се согласува СДСМ ќе стои дека тие средства не можат да се користат до завршување на изборите освен во делот на отплата на обврските кон странство вклучително и обврзницата. Ние сме подготвени да се договориме дека тие средства освен за отплата кон странство нема да се користат за други намени, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по лидерската средба на коалицијата „За подобра Македонија“.

Тој додаде дека ова е уште еден исчекор и уште еден реален конкретен и конструктивен предлог од Владата кон СДСМ, доколку навистина сакаат да се постигне договор, односно доколку навистина сакаат да ги ослободат од заложништво граѓаните на Република Македонија. Апелираше на разум за излез од настанатата ситуација.

На новинарско прашање тој посочи дека сите овие чекори се прават со цел да се донесе Буџетот во рокот до 31 декември.

– Би било навистина поразително за Република Македонија доколку не се успее да се запази рокот до 31 декември, бидејќи неприфаќањето на овие наши неконструктивни предлози ќе биде на штета на сите граѓани на Република Македонија, на штета на државата бидејќи ако не се земат овие евтини средства од Светска банка ќе треба да плаќаме дополнителни 84 милиони најмалку за позајмица од други извори и ќе се наруши меѓународниот рејтинг на Македонија. Но најважно од се ќе трпат граѓаните на Република Македонија оние кои очекуваат разрешница, пензионерите, стопанствениците, војската, културните, социјалните работници и сите кои се поврзани со навремено донесување на Буџетот, рече Ставревски.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6