Визниот режим се уште предзвик за бизнис соработката со Обединетото Кралство

Од:

Обединетото Кралство засега не отстапува од процедурите за издавање визи, кои според компаниите, се многу комплицирани, но во блиска иднина, не е исклучено, на иницијатива на бизнисите, постапките да бидат поедноставени.

Ова го истакна амбасадорката Рејчел Галовеј на денешната средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Според Галовеј, Британската Влада останува на ставот дека ќе биде потпишан билатерален трговски договор за соработка со нашата земја, ако се случи Брегзит.

Како што изјавија амбасдорката и Азески, на средбата се договоени форми за унапредување на соработката.

-Разговаравме за определени нејаснотии околу визниот режим како би ја зголемиле соработката на тоа ниво и разговаравме за определени форми на искористување на знаењето на нашите студенти кои завршуваат во Обединетото Кралство и се враќаат назад, изјави Азески.

Според него, Обединетото Кралство ја поддржуваше земјава во сите критични моменти, а бизнисот тоа знае да го цени.

-Размената, британските инвестиции и улогата на „Џонсон Мети“, како и другите британски компании кај нас, се на највисоко можно ниво и тоа нам, како бизнис заедница, ни е императив. Сакаме да го исткнеме и да работиме на зголемување на соработка. Размената минатата година надмина 890 милиони долари, со тенденција да се зголемува, а британските инвестиции од осамостојувањето на земјава се околу една милијарда долари. Учеството, пак, на „Џонсон Мети“ во извозните активности на македонската економија ќе достигне две милијарди евра наредната година. Тоа не обврзува да водиме посебна сметка за тие компании што се наши членки и кои учествуваат во создавањето на БДП, го едуцираат нашиот кадар и пренесуваат нови технологии, подвлече Азески.

Амбасадорката Галовеј потврди дека соработката на двете земји е одлична и Обединетото Кралство е број еден инветитор кај нас.

-Разговаравме за идната соработка и за подобрувањето на бизнис опкружувањето и за домашните и за странските инвеститори, рече Галовеј.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он