Витаминка донираше флаширана вода за граѓаните на Гостивар

Од:

Како одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење.

Откако надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се употребува, голем број жители се принудени секојдневно да обезбедуваат вода од алтернативни извори за своите основни потреби. Свесна за сериозноста на состојбата и за значењето на навремената реакција, Витаминка веднаш се вклучи со конкретна поддршка за локалната заедница.

„Кога една заедница се соочува со предизвик кој директно влијае врз секојдневието и здравјето на граѓаните, потребна е брза и конкретна реакција. Како компанија која со децении е дел од ова општество, чувствуваме одговорност да бидеме присутни токму кога поддршката е најпотребна. Веруваме дека солидарноста најсилно се покажува преку дела и се надеваме дека оваа донација барем делумно ќе им го олесни секојдневието на жителите на Гостивар“, велат од Витаминка.

Во вакви околности, навременото вклучување и конкретниот придонес од деловниот сектор можат значително да помогнат во задоволувањето на најитните потреби и полесното надминување на последиците од кризата.

Компанијата ќе продолжи внимателно да го следи развојот на состојбата, со надеж дека проблемот ќе биде решен во најкраток можен рок и дека граѓаните на Гостивар наскоро повторно ќе имаат непречен пристап до безбедна вода.

Би можело да ве интересира

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар