(ВИДЕО) Бишевац: Неверојатно, за еден ден проверени 19.000 говеда и овци во Танушевци

Од:

На надзорната расправа дуел меѓу пратеникот Сафет Бишевац и Бесир Јашари, државен секретар во министерството за земјоделство. Бишевац не доби конкретен одговор за висината на субвенциите и чии се точни податоците за исплатени субвенции за 2011-та година на премиерот Груевски, на Агенцијата за финансиска поддршка или на Ставрески во завршната сметка.

Јашари објаснуваше дека тое е уредено со закон и дека секоја година имало трансфери што се исплаќаат следната година. Јашари за разлика од претходните сведоци кажа дека се можни злоупотреби во плаќањето на субвенциите.

Бишевац му посочи конкретен пример за селата Танушевци и Брест со изјави од сведоци дека во еден ден е направена анализа на крв, проверка и вакцијанција против тубреколаза и бруцелоза на 19.000 говеда и овци.

„Ова не е можно“, рече Јашари, но објаснуваше дека во делот на Танушевци и Брест селата имаат своја специфика. Повеќе од видеото.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи