(ВИДЕО) Зеќири: И во време на криза ја зголемуваме минималната плата

Од:

„И во време на криза СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи останува посветена на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани. Веќе од април, 80.000 работници ќе добијат минимална плата од најмалку 18.000 денари или речиси 3.000 денари повеќе од она што како минимална плата го добиваа досега“, рече Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ.

„Покрај растот на минималната плата, посветени сме и на раст на сите плати во државата. 130.000 граѓани земаат повисоки плати за своите работни места, преку субвенционирање на придонесите, за што се обезбедени 48 милиони евра за оваа година.

Во исклучително економски тешка година предизвикана од европските кризи со енергетиката и растот на цените, остануваме посветени на финансиска поддршка на граѓаните.

Го штитиме стандардот на граѓаните од нови ценовни шокови.

Околу 7.500 семејства со ниски примања добиваат субвенции за сметките за електрична енергија помеѓу 600 и 800 денари месечно.

Цените на основните продукти, како лебот, брашното, маслото за готвење, млекото и месото остануваат замрзнати до крајот на месецов.

Сето ова се конкретни мерки кои имаат за цел да го заштитат и унапредат животниот стандард на граѓаните во време кога се соочуваме со економска и енергетска криза.

Продолжуваме да работиме одговорно, посветено во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија“, изјави Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски