(ВИДЕО) Заев во посета на Тиквешкиот регион: Низ конкретни мерки се грижиме за лозарите

Од:

Претседателот на СДСМ заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски денеска е во посета на Тиквешкиот регион.

Во рамки на агендата, Заев и Николовски беа во посета на винарницата „Тиквеш“ каде се сретнаа со лозари и производителите на вино од овој регион.

Во изјава за медиуми дадена од Неготино, претседателот Заев се осврна на мерките и политиките што СДСМ ги презема за лозарите и земјоделците.

„Денеска, на празникот Свети Трифун сме во посета на Тиквешкиот регион препознатлив по лозарството и производството на вино, кои се далеку прочуени како висококвалитетни производи.

Во разговорите со лозарите и производителите на вино заеднички се сложивме дека има простор за уште поголема поддршка и помош кон оваа земјоделска гранка која е и тоа како значајна за нашето стопанство.

Во изминатите две и пол години како централна и локална власт покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците, вклучително и лозарите.

Конкретно овде, во Тиквешијата, државата презеде обврска и го реши долгогодишниот проблем со предаденото а неплатено грозје во приватните винарници.

Денес долгот кон овие лозари е исплатен. Се исплатија над 1,2 милиони евра кон над 2.000 лозари од овој регион”, истакна Заев.

“Со измените на Законот за вино се олеснуваат условите за производство на вино на малите винарници и на физичките лица производители на вино, што е тековен тренд во светски рамки и влијае позитивно на развојот на винскиот и руралниот туризам.

Сите измени се во насока на остварување на поголеми приходи за визбите и за лозарите, но и поголем извоз на вино и девизен прилив.

Преку низа на реални мерки и политики сериозно вложувавме во земјоделството и тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина.

Продолжуваме да се бориме за нови пазари, да обезбедуваме сигурен пласман и добри откупни цени”, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие