(ВИДЕО) Заев, Сугарески и Китанов: Градиме квалитетни патишта за да им служат на многу идни генерации

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов денеска го означија започнувањето на градежните работи за изградба на експресниот пат Штип – Радовиш.

Премиерот Заев и министерот Сугарески имаа прилика директно на терен да ги добијат сите потребни информации од надзорниот тим, од директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, изведувачот и тимот којшто работи на терен за текот на градежните активности.

„Се работи за делница од 40 км. Овој потег којшто сега е отворен како прва фаза од изградбата на оваа делница изнесува 27 километри“, соопшти премиерот Заев во своето обраќање кон медиумите и граѓаните во кое зборуваше за важноста и значајноста на изградбата на оваа патна делница за граѓаните и развојот на економијата во источниот и југоисточниот дел на Република Македонија.

„Очекуваме до крајот на годината да финишира изградбата на автопатот Миладиновци-Штип од 47 км кој ќе се надоврза на ова патно решение од 40 км. И во иднина планираме проширување на патната делница од Струмица до бугарската граница што буквално прави поврзување на Скопје, Свети Николе, Штип, Радовиш, Струмица со бугарска граница. Една значајна артерија во Република Македонија која ќе овозможи брз проток на луѓе и стоки“, порача премиерот Заев, и потенцираше дека струмичкиот регион има извоз од 120 милиони евра на раноградинарски производи, радовишкиот регион е некаде преку 40 милиони евра, штипскиот регион учествува во извозот со преку 100-тина милиони евра.

„Сето тоа е девизен прилив за граѓаните на Република Македонија и за билансната сметка на државата. Со едни вакви брзи делници кои ќе овозможат брзо пристигнување јас очекувам дека ќе се мотивира зголемување на протокот на стоки и зголемување на протокот на патници што е современа тенденција“, порача премиерот Заев и рече дека преку ваквите инвестиции се поддржува и капиталниот развој на државата.

Во тој правец премиерот Заев порача дека започната е градежна офанзива на неколку делници и дека паралелно се гради на проекти поврзани со железница, гасификација, а исто така со обезбедени 110 милиони евра од средствата од ТАВ, од резервите на јавните претпријатија од околу 25 милиони евра, од нови кредитни линии со кои ќе се градат нови водоводи и канализации, нови градинки и училишта низ повеќе општини во Република Македонија.

Премиерот Заев му посака успешна работа на тимот на изведувачот Штрабаг и порача дека нивната работа е многу важна бидејќи ќе остават квалитетен пат кој ќе го користат многу идни генерации на граѓани од Република Македонија.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески во својата изјава за медиуми ја истакна важноста на изградбата на овој експресен пат и сподели информации за планираните активности во источниот регион на Република Македонија.

„Владата на Република Македонија е исклучително посветена на одвојување на средства за источниот и југоисточниот регион. Во наредниот период планирани се 320 милиони евра за овој регион за изградба на патишта“, рече министерот Сугарски кој порача дека интензивно се гради на повеќе точки во Република Македонија на капитални проекти кои се однесуваат на железницата, гасификацијата, водоводи и канализации.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов детално го објасни процесот и планираните активности поврзани со изградбата на овој експресен патен правец.

„За прв пат во Македонија изведувачот ќе има обврска по завршувањето на патниот правец да го одржува. Тоа претставува новина“ информираше директорот Китанов.

Тој рече дека во рок од три години се очекува комплетирање на двете фази од изградбата на овој патен правец со што граѓаните од источниот и југоисточниот регион ќе добијат на користење квалитетен и брз експресен пат.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска