ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Од:

Протестниот марш против неуставноста на осум закони според кои хонорарните работници треба да плаќаат 35 отсто на државата, заврши пред Уставниот суд. Таму, беа однесени точно 6.400 претставки од граѓани, за утврдување на неуставноста на овие закони.

Активистите платформата за граѓанска политика АЈДЕ! собраа 7.000 потписи од граѓани од Скопје и од 15 градови во земјата, но околу 600 граѓани не оставиле целосни податоци.

Пред Уставен суд, активистите поставија голема вага на криминалот на која од една страна беше криминалот, како што рекоа олицетворен во ликот на премиерот, а на другата страна граѓаните.

Денешниот мирен протест го организира платформата за граѓанска политика „Ајде!” заедно со хонорарците од таму велат дека покрај нарушеното владеење на правото, со овие закони се ускратува правото на плата, пауза, годишен одмор, породилно/родителско отсуство и синдикално здружување, а хонорарците остануваат заглавени во бирократските лавиринти, затоа што законите се непрецизни, двосмислени и нејасни, а што администрацијата всушност не знае како да ги спроведе.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Меџити ќе го критикува Бесими: Седум месеци договарам да се вработат сите што се на определено

Орце Костов

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

Власта ги тргна рацете од хонорарите за да не ги изгуби гласовите на хонорарците

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на хонорарците: УА Лопови

Ана Ололовска