(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Од:

Од името на актерите и другите уметници на денешниот протест на хонорарците пред Уставен суд говореше младата актерка Симона Спировска

– Ние актерите сме на улиците последениве месеци и јавно говориме за штетата од законот за хобнорарци, ние актерите сме повеќе пред државните институции отколку тие што се вработените во тие институции, не’ посетиле во театар за целиот свој живот.

Тука сме и денеска да побараме уште еднаш повлекување на овој закон кој е штетен затоа што вработените актери плаќаат дупло придонеси во случај на хонорарен ангажман, надвор од културната установа во која се вработени.

За невработените актери и театарски работници, овој закон е грабеж на чесно сработената работа. Затоа што со неговиот закон не се зголеми буџетот за проектите од областа на уметноста и културата за 35 отсто – што автоматски значи помали хонорари, рече таа.

Со законот им се дава предност на странските актери пред домашните, затоа што странските актери плаќаат од 1 до 10 отсто персонален данок, а домашните – 35 отсто.

Институциите во надлежност на државата, им нудат на актерите и другите уметници договори кои ќе им ги исплаќаат во неколку месеци за да се избегнат давачките кон државата.

– Престанете со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!, додаде Спировска.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на хонорарците: УА Лопови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) АЈДЕ!: Утре сите на протестен марш – НЕ за неуставните закони за хонорарците!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Голем протестен марш: НЕ – за неуставните закони за хонорарците

Ана Ололовска