(ВИДЕО) Трипуновски: Да одговори премиерот Зоран Заев зашто го донесоа во колапс македонското земјоделство?

Од:

Денеска бевме сведоци каде премиерот Зоран Заев на една наместена и фингирана ситуација ја промовираше мерката „Зелена нафта“. Квази мерката „Зелена нафта“ која што неколкупати потенциравме дека е фиктивна и дека нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци, се обрати Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика премиерот Зоран Заев и неговиот министер заедно да појдат во било кој крај на Република Македонија и да ја видат реалната ситуација во која што се наоѓа македонското земјоделство.

„Оваа е сликата позади мене која што е реалната и вистинската ситуација во Република Македонија. Позади мене гледаме фрлени праски кои што земјоделците не можат да ги предадат на откупувачите. Затоа што првин нема откуп, а второ нема цена, рече Трипуновски.

Тој го повика премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер да им одговорат на македонските земјоделци, на македонската јавност каде се сите проекти кои што ги ветуваа во предизборието, во 2016-та година?

„Каде е гарантниот фонд? Нели ќе се тепаа откупувачите за повисоки откупни цени и сигурен пласман? Да одговори премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер, зошто мерката „Млад земјоделец“ доцни веќе една година? Мерка која што треба да ги задржи младите луѓе во Република Македонија. Да одговори зошто се доцни со ИПАРД програмата и реализацијата на повиците? Да одговори зошто субвенциите се стопирани? Да одговори зошто на производителите на јаболка не им се исплаќа дополнителните 5 денари ветена субвенција? Да одговори
почитуваниот премиер Зоран Заев зошто на оризарите, на сливарите од Радовишко и Малешевијата доцни исплатата на дополнителната субвенција? Да одговори премиерот Зоран Заев зашто го донесоа во колапс македонското земјоделство?

Почитуван Заев, ако сте толку сигурни во вашите успешни т.н. проекти ајде да излеземе на избори и македонскиот земјоделец, македонските граѓани нека ја кажат правата слика.

Македонскиот земјоделец и македонските граѓани нека оценат дали вашите проекти се успешни или не. Охрабрете се и конечно да излеземе и да се соочиме со македонскиот народ.“, заврши Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади