(ВИДЕО) Тошески: Предвремениот откуп на тутун се одвива катастрофално

Од:

Мерката, предвремени окуп на тутун, што на големо ја фалеше и промовираше Груевски со неговата Влада, не ги дава очекуваните резултати, рече денеска на прес конференција Дејан Тошески – Претседател на надзорен одбор на ОО СДСМ Прилеп.

Предвремениот откуп на тутун, вели, од самиот почеток па се до ден денес се одвива катастрофално.

Имено, дневната диманика на откуп на тутун, во пелагонискиот регион се движи во просек од околу 20 тони, со просечна цена од 160 ден за килограм тутун, цена која ни приближно не е блиску до просечните 200 ден за килограм, кои ги најави заменик министерот Коњановски.
Причините за тоа се наоѓаат во моменталната ниска откупна цена, која се темели врз проценките на откупните компании дека годинава ќе се произведат огромни количини на тутун, далеку над нивните капацитети за откуп.

Субвенционирањето, како и издавањето на дозволи од страна на министерството за земјоделие, според кои тутунарите ги засадуваат количините тутун, се одвива брз предходен план и програма, како и без предходни проценки за количините кои компаниите можат да ги откупат.
Затоа, навреме сакаме да укажеме, дека е можно оваа година големи количини на тутун да останат неоткупени, а со с тоа да им пропадне маката на тутунарите, за што директен виновник ќе биде Владата на ДПМНЕ.

Власта треба веднаш да оговори,

Што ќе се случи со преостанатите количини на тутун од годинешнава реколта?

Кој ќе им ја надомести штетата за произведениот, а неоткупен тутун на производителите?
Дали има подготвено план за целосен откуп на тутунот?

СДСМ како одговорна и најголема опозициска партија, имајќи го во предвид нискиот стандард, енормната скапотија и сиромаштија кои се дела на оваа Влада, секогаш ќе стои на страна на тутунопроизводителите и ќе се залага за повисика откупна цена и повисоки субвенции.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки