ВИДЕО: Стоилковски ја обвини СДСМ за партиски вработувања

Од:

Се наоѓаме пред Центарот за полнење на јавните претпријатија, центарот за спроведување на црниот проект Мрежа за вработување на мајка, синови, ќерки, татковци, стрини, вујни, чичковци по принципот „партизација на администрација од хигиеничар до министер“. Центарот на СДСМ зад мене мора да одговори за Црните тефтери од проектот Мрежа за најцрната партизација на администрацијата. Според овој центар тука Услов за добивање работа е да се биде докажан член- активист или да биде поврзан со што повисок функционер во партијата, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Од овој центар на Мрежата од црните тефтери мора да одговорат како само во еден ден од општинската организација на СДСМ во Кисела Вода биле вработени 8 лица во општината, шестмина во управни одбори во училиштата, хигиеничарки, воспитувачки и каде ли уште не низ општинската и администрацијата на јавните претпријатија? Од овој центар мора да одговорат кои се критериумите за проектот Мрежа и вработувањата на над 30 мина во ЈП Македонски Шуми низ скоро сите општински клонови, каде непотизмот и партиската припадност се непобитен факт? Од овој центар мора да одговорат дали 24-те нови вработени во М-НАВ, како ја нарековме македонска неофицијална агенција за вработување, со плати неколку пати повисоки од просечната, се дел од МРЕЖА, имајќи предвид дека речиси ниеден нема образование потребно за вработување во Агенцијата, но има партиска или роднинска врска, па членовите на комисиите биле ставани под тежок притисок да ги примат токму избраните лица? Од овој центар на црниот проект Мрежа мора да кажат дали биле опфатени и вработувањата на мајката на Костадин Костадинов во администрацијата во Струмица, или сестрата и пријателката на Кирацовски во администрацијата во Битола?, праша Стоилковски.

Тој рече дека веруваат во фер шанса за вработување на секого, но проектот, кој го нарече „Мрежа“ бил партиски непотизам во најсурова смисла и врв на лицемерието на оваа власт.

– Партизацијата на администрацијата дополнително го оптоварува буџетот а ги обременува услугите. Реалност е дека со тоа Република Македонија се одалечува од препораката за Европската Унија. И СДСМ тоа свесно го прави, со тоа што посочува прст кон администрацијата, додека истовремено ја партизира. Со тоа, СДСМ порачува дека во овој мрачен систем нема место за професионалци, дека во Република Македонија нема место за граѓани без партиска книшка на СДСМ. Во Животот на оваа криминогена власт која што ја зацрни во државата има работа само за партиски војници и роднини на партиските функционери. Овој центар на Мрежа, центар на криминогеното владеење, лажно се надева дека со такво намерно одложување на брзи и ефикасни реформи, намерно одложување на европеизација на администрацијата, криминогената власт ќе може подолго да турка тендери и договори во 4 очи. Одговорност за оваа состојба, за црните Мрежи и тефтери, мора да има, и ќе има. Колку побрзо, толку подобро, рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов