(ВИДЕО) Шахпаска: Со одговорни политики обезбедуваме повисоки плати, нови работни места и унапредување на работничките права

Од:

„Честит први мај – Меѓународниот ден на трудот! Како парламентарно мнозинство и како Влада во изминатите речиси две години активно работиме на унапредување на условите за работа и вистинско вреднување на трудот на сите работници.

Една од првите мерки во таа насока беше зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари за сите стопански гранки.

Само со оваа мерка околу 90.000 работници денеска добиваат повисоки плати, повеќе пари завршуваат кај работничките семејства“, рече Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Истовремено, ја исправивме неправдата кон вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија кои со години добиваа пониска минимална плата.

Минималната бруто плата од април оваа година се усогласува согласно Законот за минимална плата и се зголемува за 3,3 проценти и сега изнесува 17.943 денари, односно 12.507 денари нето.

Не застануваме тука. Политиките на СДСМ се во насока на ново зголемување на минималната плата, наскоро.

Изминатите две години растат платите во сите сектори, а тоа продолжува и годинава. Вработените во здравството, образованието, детските градинки, полицијата, одбраната, културата добиваат зголемување на платите од 5 отсто, додека докторите специјалисти добиваат зголемување од 10 отсто.

Со најновите измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување коишто се на сила исправаме една голема неправда за рударите коишто работат под земја, со тоа што од почетокот на годината тие може да оствратат право на старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Со овие измени во првите три месеци од годината право на пензија остварија околу 54 рудари“

Се исправи и неправдата кон стечајните работници. Денес над 10.000 стечајни работници добиваат месечен надомест од 7.596 денари.

Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Од 13.754 на крајот на 2016 година, на 14.580 денари во март 2019 година

Во меѓувреме, продолжуваат активностите за подобрување на условите за работа, а веќе се работи на ревидирање на Законот за безбедност при работата за да имаме мотивирани и заштитени работници.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и подобри услови за работа на сите работници.

Нека е честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот!“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов