ВИДЕО: Се поедноставуваат даночните постапки за земјоделците

Од:

Даночни олеснувања за земјоделците со кои се очекува повеќе пари да останат кај оваа категорија граѓани, најавија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Така, се намалува прагот за регистрација на земјоделците од сегашните 1.300.001 денар на еден милион денари, а поврат на персонален данок ќе се врши за остварени приходи од земјоделска дејност до еден милион денари.

Услов е земјоделците да немаат остварено други приходи во текот на годината и да немаат даночен долг кон Управата за јавни приходи.

Повратот на платениот данок ќе го врши Управата за јавни приходи по истекот на годината во која е направен приходот.

– Заради понатамошно поедноставување на постапката за поврат на данок за остварени приходи од земјоделска дејност до еден милион денари предвидена е измена и во Законот за даночна постапка со која Управата за јавни приходи ќе може да го изврши повратот на овие средства по службена должност, а тоа подразбира дека овие граѓани ќе немаат обврска да доаѓаат во Управата и да поднесуваат барање за поврат што само по себе одзема време и предизвикува трошоци на земјоделците и на органот кој треба да води постапка по нивното поднесување, појасни директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, кој присуствуваше на прес-конференцијата заедно со директорката Лукаревска, очекува дека до крајот на годината ќе се знае колку земјоделци ќе бидат опфатени со оваа мерка и колку повеќе средства ќе бидат вратени кај земјоделците.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот