(ВИДЕО) СДСМ: Обезбедени 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци

Од:

„Започнува сериозен инвестициски циклус за подобрување на целокупната патна инфраструктура во Република Македонија.

Обезбедени се 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци низ државата со вкупна должина од околу 800 километри.

Станува збор за долгорочни инфраструктурни проекти од значаен интерес како за економијата, така и за граѓаните и за идните генерации“, изјави Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

„Според објавениот план од Владата, оваа година ќе биде завршена изградбата на автопатите Демир Капија – Смоквица и Миладиновци – Штип.

Со предвидената рехабилитација на автопатската делница Неготино – Демир Капија во двата правци, Македонија веќе годинава ќе добие комплетно реконструиран, брз и безбеден автопат на Коридорот 10.

Покрај тоа, започнува и изградба на три нови експресни патни правци: Штип – Радовиш, втората фаза од патниот правец Прилеп – Градско и патниот правец Ранковце – Крива Паланка, инвестиции во вредност од 100 милиони евра.

Ова се само дел од клучните предвидени проекти од овој инвестицискиот циклус за подобрување на патната инфраструктура во државата и поврзување на граѓаните.

Инфраструктурното поврзување меѓу градовите, селата и населените места низ цела Македонија и инфраструктурното поврзување со земјите од регионот и Европа претставува стратешки приоритет на СДСМ и Владата што ја предводи.

СДСМ и преку централната и преку локалните власти што ги предводи, продолжува посветено да работи на обезбедување на услови за сигурен, безбеден и брз транспорт за сите граѓани“, рече Велковски.

Би можело да ве интересира

Ристова: СДСМ поддржува минимална плата од 31.500 денари

А1он

СДСМ: По скандалозната одлука за 27 април очигледно е дека заканите на Мицкоски кон судството даваат резултат

СДСМ: Власта создаде хаос и го врати македонското образование една деценија назад

Мафија на смртта е виновна за колапсот на Онкологија според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ им одговори место авион да набават лекови

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нема пари за плати, нема лекови, а власта запнала авион за функционери да купува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ да каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат, велат од СДСМ