(ВИДЕО) Прентовиќ: Со мерката „зелена нафта“ 200 милиони денари се враќаат кај 55.000 земјоделци

Од:

Се реализира уште една значајна мерка во областа на земјоделството а, тоа е „зелената нафта“. Тоа е значајна мерка за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделците, изнави на денешната прес конференција на Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.

Во мерката „зелена нафта“, рече Прентовиќ опфатени се 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади. Со оваа мерка значително се олеснува производството на земјоделците и им ги намалува трошоците за производство и механизација и ја зголемува нивната продуктивност и конкурентност.

За прв пат со оваа мерка ќе овозможиме намалување во висина од 30 отсто од трошоците за набавка на гориво со можност понатаму овој процент да порасне и до 50 отсто од трошоците. Оваа влада, предводена од СДСМ овозможува 200 милиони денари или над 3 милиони евра да се враќаат директно кај граѓаните, објасни Прентовиќ.

Она што е особено важно, додаде таа, е што за зелената нафта можат да аплицираат сите земјоделци, независно дали се мали или големи производители. Тоа значи дека и оние кои имаат 0,2 хектари или 2 декари земјоделска површина нема да останат без зелена нафта. По завршувањето на набавката на гориво за земјоделска механизација, земјоделците ќе можат да користат поевтино гориво при крајот на годинешната жетва и почетокот на есенската сеидба.

Зелената нафта значително ќе ги намали производствените трошoци, повеќе пари ќе останат кај земјоделците, но и позитивно ќе влијае на поголема конкурентост на нашите земјоделски производи. Како одговорна партија продолжуваме со вистиснка грижа за земјоделците преку спроведување мерки кои го унапредуваат и развиваат земјоделството, заврши Прентовиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица

Петрушевски: Ако Филипче и СДС не го осудат говорот на омраза на Орданоски кон Трамп и САД тие даваат сигнал дека се согласуваат

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март