ВИДЕО: „ПОМЕН – една година тишина“, компаниите за организирање настани протестираа пред Владата

Од:

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина!“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање настани се собраа пред Владата со поставени кутии за опрема и со едночасовен молк го изразија својот револт бидејќи една година не се гласни и не си ја работат својата работа. Велат тука се со порака оти без поддршка од државата не ќе може да опстанат и дека е можно над 20.000 луѓе од оваа индустрија да останат на улица.

Како што изјави Маја Бабиќ, претседател на Асоцијацијата на ивент-индустријата (ИВАП), која го организира протестот, компаниите од оваа дејност бараат помош во неповратни грантови, како што добија ноќните клубови, за да може, додека се затворени, да опстанат многуте уметници, продуценти и други работници што ја опслужуваат оваа дејност.

„Процените се дека падот на приходите во ивент-индустријата се повеќе од 50 отсто, што значи дека во догледно време ќе треба да ставиме клуч на врата. Цела година не работиме и не сме препознаени од власта, односно препознаени сме на еден чуден начин. Треба да седнеме да разговараме веднаш за спас на ивент-индустријата. Донесоа мерки, кои не се разбирливи за нас, а ние треба да опстанеме. Над 40 компании се загрижени, рентал-фирми за опрема, видео и аудиопродукции, компании за осветление, бина, звучници и други. Ние секогаш сме гласни во нашата работа, но не сакаме овој пат да бидеме такви, сакаме на тивок начин да го решиме проблемот“, изјави Маја Бабиќ од ИВАП.

Како што објасни таа, претставниците на оваа асоцијација разговарале со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, уште во јануари и тогаш му понудиле решение за нивната индустрија, но, иако добиле ветување, нивното барање не било земено предвид. Се донеле мерки кои, според нив, ниту се соодветни ниту се разбирливи. Затоа бараат повторна средба со претставник од Владата за да најдат заедничко прифатливо решение за двете страни.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Ако е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните

Ана Ололовска

Во Кичево преполовен прометот на угостителите, дел од вработените на привремен одмор

А1он

Стопанската комора бара поддршка за туристичко-угостителскиот сектор и средба со Битиќи, Бектеши и Филипче

Ана Ололовска

За 30 отсто намален прометот на угостителите, бараат измени на најновите КОВИД мерки

Ана Ололовска

Келнерите не мора да бидат вакцинирани, редари во кафулињата и рестораните ќе бидат вработените и ќе проверуваат дали гостите се вакцинирани

Мери Јордановска

Охридските угостители бараат адаптација на најновите анти-ковид мерки

А1он