Келнерите не мора да бидат вакцинирани, редари во кафулињата и рестораните ќе бидат вработените и ќе проверуваат дали гостите се вакцинирани

Од:

Инспектори од Државниот пазарен инспекторат, заедно со претставници од полицијата денеска се на терен, во угостителските објекти, за да им ги соопштат новите рестриктивни мерки кои ќе важат од понеделник.

На сите им е доставена копија од владината седница, во која се забранува работа во затворениот дел од угостителските објекти, а доколку се присутни над 30 гости, тогаш ќе им биде забранет влез за невакцинирани лица.

“Ни кажаа дека мора да ангажираме редар кој на влезот ќе им ги проверува вакциналните сертификати на вработените. Ако имаат примено една доза вакцина, треба да го носат тој документ со себе. Редарот може да биде и еден од вработените. Ни кажаа дека ќе има засилени контроли од ДПИ и од МВР, но сепак голем број прашања останаа неразјаснети, па со оглед на сето тоа, најлесна варијанта би ни била едноставно да не пуштаме влез за лица кои не се вакцинирани”, сведочи газда на скопско кафуле.

Од ДПИ за “А1он” велат дека во текот на идните денови ќе излезат со прецизни информации за текот на контролите во угостителските објекти.

Што со вработените во угостителските објекти кои не се вакцинирани, дали после 16ти не треба да доаѓаат на работа?

Од Министерството за здравство велат дека вработените во угостителските објекти не се должни, иако е препорачано да бидат вакцинирани и тие секако може да одат на работа.

“Целта на оваа мерка е да се спречи поголема група на луѓе односно гости кои се без вакцина да бидат на едно место и со тоа да се намали ризикот и од ширење на вирусот во угостителски објекти”, велат од Министерството.

Сепак, дури и за инспекторите, а и за вработените во угостителските објекти постојат повеќе нелогичности во однос на мерките.

Нејасно е што доколку во објектот во надворешниот дел собира над 30 гости, повеќето кои влегле се невакцинирани, а потоа има наплив од вакцинирани – дали невакцинираните ќе треба да го напуштат објектот со оглед на тоа што лимитот за невакцинирани е 30 присутни лица? Дали како присутни ќе се бројат и децата и неполнолетните граѓани? Кој ќе ја утврдува веродостојноста на вакциналниот сертификат, особено на лицата со примена една доза вакцина, чија потврда нема ниту бар код? Дали и кој ќе им проверува лични карти на посетителите, за да се увери дека кореспондираат со сертификатот?

Големи се реакциите и околу тоа дека за лицата кои прележале Ковид-19 и имаат антитела, важат истите рестрикции, додека за лицата со примена прва доза вакцина ќе биде дозволен влез секаде, иако, според епидемиолозите, по првата доза се уште немаат рзвиен имунитет.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска