(ВИДЕО) Парното ќе поскапи многу ако не се врати цевководот на мостот на „Беласица“, се зависи од Град Скопје

Од:

Скопјани ќе плаќаат многу повисока цена за парното греење доколку не се врати цевководот на мостот „Беласица“ преку кој се транспортира енергијата од ТЕ-ТО која нуди многу пониска цена од онаа на топланите Исток и Запад.

Одлуката за новата Регулаторната комисија за енергетика нема да ја донесе додека не добие цврсти гаранции дека тоа ќе се случи. Во спротивно граѓаните ќе плаќаат парно според ланската цена, односно за октомври ќе им стигнат сметки по стара цена.

– Доколку не добиеме цврсто уверување дека ќе се врати цевководот на мостот „Беласица“, ќе имаме проблем со произведената количина на топлинска енергија од ТЕ-ТО која што е трипати пониска отколку цената на топланите. Вкупниот трошок во крајната цена кој го плаќаат граѓаните од Скопје е 52% од топланите, а трошокот за ТЕ-ТО е 36 отсто. 60% од топлинската енергија за Скопје се обезбедува од ТЕ-ТО, а 40% од топланите во Скопје. Доколку не се постават цевките, тогаш би ни се случило ценовно цунами. Додека не добиеме цврсто уверување за цевководот, нема да донесеме одлука за цената. Доста беше поради нечии препирки тоа да оди на грбот на граѓаните. Тоа значи дека ќе остане постојната цена за парно греење – истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Тој вели дека Регулаторната комисија нема да дозволи ценовни шокови, но додаде дека цената ќе зависи и од оние шест милиони евра позајмица од Владата позајмени на ЕСМ кои треба да се вратат назад.

– Ќе видиме како ќе се враќаат, дали одеднаш или ќе се договориме за период од две или три години и од тие причини не можам да кажам во моментов колку ќе биде цената на топлинската енергија. Треба да се знае и дали ќе има субвенции, во која висина ќе бидат, така што не би сакал да шпекулирам за цената на топлинската енергија – додаде Бислимоски.

Според сознанијата на РКЕ, логично е тој што е сопственик на мостот да даде дозвола на ЕСМ Топлинска енергија да ги постави цевките.
– Градот Скопје има комуникација со ЕСМ и верувам дека ќе ги постават – рече првиот човек на Регулаторна.

Оштетената инсталација од пред 6 месеци не е санирана, а алтернативата е цевка која не може да испорача ист капацитет.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Неспособното ДПМНЕ и раководството на ЕСМ го оставија половина Скопје без парно

Разрешени двајца членови на Регулаторната комисија за енергетика

А1он

РКЕ утре се очекува да ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари идната година

А1он

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката