Хаосот кој го предизвика власта со неколкукратното менување на законоите за хонорарци зборува за нивната намера правната несигурност да ни стане пракса, ненормалното да ни стане нормално, рекоа хонорарците кои бараат да се повлечат неуставните закони за хонорарците.
– Не знаат како да се имплементираат небулозните законски одредби кои што ги предлагаат, а за тоа се доказ одговорите на прашањата кои ги добивме од Министерствто за труд и социјална политика, а беа според нивната добро позната шема “округло, па на ќоше“. Затоа имаме легитимно право да искажеме граѓанска непослушност, бидејќи кога неправдата станува закон – непослушноста е наша должност.
Најмалку што можат да сторат е да го повлечат законот пред да заминат во историјата како ненародна и лоповска власт, рече Гоце Маркоски од Солидарност.
А.Б.