(ВИДЕО) Митовска: Нудеа живот, донесоа сиромаштија за граѓаните

Од:

„Најавувањето за покачување на акцизата веќе почна да влијае кај меѓуградските автобуски превозници кои со години не ги менуваа цените на билетите заради поволностите.

Покачувањето на акцизата која што ја воведува СДС веќе почна со домино ефектот на покачување на цените за кои што ние предупредувавме.

Па така на пример цената на повратниот билет Скопје – Берово – Скопје или обратно, претходно чинеше 520 денари.

Новата цена на билетот е 620 денари. Доколку еден студент од Берово кој студира во Скопје секој викенд се враќа дома како и до сега, за период од еден месец односно 4 викенди, ако досега плаќал 2.080 денари за 4 повратни карти, сега ќе плаќа 2.480 денари, или за 400 денари повеќе од претходно.

Па така ако истото семејство има две деца кои што студираат во Скопје, на родителите трошоците месечно им се зголемуваат за 800 денари со покачувањето на акцизата или за цела година за 9.600 денари.

Овие непредвидени додатни трошоци кои се резултат на домино ефектот од покачувањето на акцизата за нафтата кои ги воведува СДС, едно просечно семејство од Берово ќе го чинат 9.600 денари повеќе годишно. Сума на пари која им значи на секое семејство кое ги праќа своите деца на студии во Скопје.

Има и уште еден пример со покачувањето на цената на месечниот билет Скопје – Куманово. До сега чинеше 2.500 денари, а од сега натаму ќе чини 2.700 денари. Па така ако земеме пример дека во едно просечно семејство од Куманово има двајца студенти во Скопје кои патуваат секој ден и еден родител кој работи во Скопје, неопходно им е да извадат месечен билет, па така нивните трошоци месечно се зголемуваат за 600 денари или на годишно ниво за 7.200 денари.

Ова е резултатот кој сите го гледаат од покачувањето на акцизата за нафтени деривати.

Ова е логиката која што треба добро да ја проучи големиот советник на Тевдовски, Бранимир Јовановиќ, кој што вели дека сиромашните не возат автомобили и ги потценува граѓаните и нивната интелигенција. За жал, покачувањето на акцизата најпрвин удри по џебот на просечните граѓани.

Дополнително, според планирањето на СДС да го зголемат и персоналниот данок, најоштетени ќе бидат обичните граѓани.

Ова е економската политика која што ја спроведува СДС. Нудеа живот, донесоа сиромаштија за граѓаните“, изјави Слаѓана Митовска.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС