(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе бараме укинување на законот со кој што пензионерите се оштетени со по 500 денари месечно

Од:

Денеска во рамките на просториите на ВМРО-ДПМНЕ имавме состанок со Синдикатот на пензионерите и разговаравме за актуелната положба на пензионерите во Република Македонија. И детално го анализиравме новото законско решение кое што помина во рамките на Парламентот. Пензионерите ни ги претставија сите нивни забелешки, сите нивни сугестии како истиот тој закон да биде подобрен, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– ВМРО-ДПМНЕ во минатото исто така и во иднина, основна цел ќе биде подобрување на квалитетот на животот на пензионерите бидејќи тие тоа го заслужуваат. Бидејќи имаат и те како многу дадено за оваа држава. И те како имаат многу дадено за Република Македонија. Така што навистина они ги заслужуваат пензионерските денови да им бидат достоинствени, а да не бидат омаловажени и понижени како што впрочем се во ова држава се труди владата на СДСМ и Зоран Заев да го омаловажи и понижи. Се разбира на врвен приоритет се нивните лични приоритети и сугестии. ВМРО-ДПМНЕ денеска во разговорот со Синдикатот за пензионерите им го пренесе нашиот став и им кажа во текот на утрешниот дел на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесе предлог закон за укинување на новото законско решение каде што практично пензионерите се оштетени за отприлика 500-тини денари по месец имајќи во предвид движењето на просечната нето плата во изминатото полугодие. И ќе бара веднаш враќање на старото законско решение. Така што на уште еден начин ќе укажеме дека ние навистина се грижиме за пензионерите, а од друга страна ќе ја покажеме штетната политика на СДСМ. Практично сите оние нефункционални и проблематични т.н. реформи што ги прави Владата на СДСМ и Зоран Заев. За волја на вистината структурна реформа е само оваа минималната плата, но ги гледаме сите негативни ефекти на таа минимална плата каде преку што 300.000 пензионери секој месец во годината што следува ќе бидат со намалена пензија од 500-тини денари. Односно нема да го добијат заслуженото покачување отприлика 500-тини денари, рече Мицкоски.

Како што кажа тој, ВМРО-ДПМНЕ работи и во својата програма има сет мерки кои што ќе ги предложи пред граѓаните, но и пред пензионерите.

– Дел од сугестиите кои што денеска Синдикатот на пензионерите ни ги презентираше практично на оваа средба ќе бидат инкорпорирани се разбира во рамките на новата партиска програма. Така што еве работиме, учиме и навистина она кое што сакаме да го покажеме пред граѓаните е нов пристап, нов принцип на работење на политичките партии со честитост, принципиелност, искреност и достојност на тоа што ќе биде ветено тоа и да биде реализирано понатаму, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Горан Наумовски

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он