(ВИДЕО) Марковска: Со Буџетот за 2023 година рекордни средства за земјоделството и капитални инвестиции

Од:

Сите политики и мерки што ги содржи буџетот за 2023 се насочени кон справување со енергетската криза и ценовната криза, поддршка на граѓаните и економијата, редовна и навремена исплата на плати и пензии и затоа е потребно денес, на крајот на денот, сите заедно да го донесеме, порача пратеничката на СДСМ, Даниела Марковска на денешната седница на Собранието.

Марковска истакна дека Буџетот е развоен обезбедува 800 милиони евра за капитални инвестиции, средства за раст на платите и пензиите, како и 250 милиони евра за нови мерки за помош на граѓаните, но и дека се обезбедени досега најмногу средства за поддршка на земјоделството.

„За 2023 околу 9 милијарди денари средства наменети за земјоделците.

Се започнува со целосна имплементација на до сега најголемата земјоделска реформа со која земјоделците добиваат предвремена исплата од 30% на субвенции во тековната година.

Дополнителна субвенција за значајни култури, поголема поддршка за сточарите, поддршка до секој земјоделец преку интервентната програма. 10.000 евра поддршка преку новата мерка бизнис план во земјоделството на земјоделците чија основна дејност е земјоделство.

Поддршка за откуп на свежо овошје, зеленчук, млеко и млечни производи обезбедувајќи здрав оброк за учениците во основните училишта. Грант до 10.000 евра за малите семејни винарници. 10.000 евра на малите производители на храна и развивање на продажбата на храна. Развој на селата преку поддршка на семејни задруги и друго“, порача Марковска.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6