„После вчерашната посета и масовна поддршка за идниот премиер Зоран Заев од прилепчани, денеска премиерот во заминување Никола Груевски брза во Прилеп.
Груевски, воопшто не се сврте кон земјоделците и нивните маки со коишто се соочуваат поради неисплатени субвенции и неисплатени отштети од поплавите“, рече на денешната прес конференција Хари Локвенец.
„Никола Груевски нема храброст да се соочи со земјоделците од прилепско и да им објасни зошто сѐ уште не им се исплатени отштетите, ниту за поплавите од јануари и февруари, ниту за поплавите од септември годинава.
Нека објасни, зошто нема пари за ветената оштета за поплавените имоти и земјоделски површини, а има 630 милиони евра за споменици и за мерцедес од 600 илјади евра?
После 10 години власт, Груевски, ја доведе пред банкрот Република Македонија и ги задолжи идните поколенија со над 4 милијарди евра!
Граѓаните на Прилеп паметат за нарачаното „пиштење и вриштење“ од инспекции на УЈП, за казните од илјадници евра и затворањата на прилепските фирми.
После 10 години власт на Никола Груевски, Прилеп е градот со најголем број невработени во Република Македонија“, изјави Локвенец.