(ВИДЕО) ЛДП: Владата да престане со вештачко дишење да го одложува економското фијаско

Од:

ЛДП е сериозно загрижена за новите задолжувања на Владата кои овие неколку месеци ги прави во континуитет.

Не е загрижувачко, велат, само темпото на задолжување, износот на долгот туку и намената на трошење на позајмените пари. Иако оваа година Владата предвиде поголема буџетска дупка, повеќе од очигледно е дека не само што тоа не е доволно туку напротив се повеќе и повеќе недостигаат пари со што секојдневно се оди кон нови зголемувања на долгот.

Mинистерството за финансии на две одделни аукции на шестмесечни и годишни записи вчера донесе одлука да се задолжи со 36 милиони евра, а се задолжи 37,4 милиони евра. Ако се има предвид дека во календарот на министерството нема предвидено отплата на доспеани записи од претходно, повеќе од јасно е дека парите од задолжувањето ќе се искористат за финансирање на одредени ставки од Буџетот.

„Уште повеќе загрижува тоа што пред само неколку дена во истиов месец, односно на 07.05.2013, Владата се задолжи вкупно 138 милиони евра преку три аукции на државни записи и една на петгодишна државна обврзница“, рече Деан Блажевски.

Според последните податоци на министерството за финасии, заклучно со март, или првиот квартал од годинава, долгот на централната влада достигнал 33,9 отсто и се смета за едно од највисоките измерени во последните пет години.

Од друга страна, буџетскиот дефицит во првите три месеци од годината достигна 185,7 милиони евра, што е 64,5% од планираниот дефицит за цела година.Само за споредба, во првиот квартал од лани, дефицитот е зголемен два и пол пати. Минатата година во првите три месеци, Владата потрошила 73,6 милиони евра повеќе од приходите.Не е за изненадување ако Министерот за финансии побара ребаланс на Буџетот.

„Јасно е дека Владата не може до бескрај да оди со ваквите задолжувања.Демаскирана е политиката земи заем без притоа да не знаеш како ќе ги вратиш парите. .Меѓу другото еден од најголемите проблеми за неразумното трошење е и изборниот Март во кој Владата се однесуваше како да нема утре. Дополнителен проблем е што неконкурентното македонско стопанство станува зависно субвенциите кои власта ги обезбедува од позајмени пари“, рече Блажевски.

ЛДП бара од Владата веднаш да престане со ваквото однесување, да не си поигрува со економската иднина на граѓаните и конечно да направи стратегија за враќање на долгот.ЛДП го повикува Министерот за финансии да ја признае економската удолница по која оди оваа земја и веднаш да примени рационални мерки за штедење а не со вештачко дишење да го одложува економското фијаско.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови