(ВИДЕО) Колева: ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати пораката од граѓаните и да го поддржи Ребалансот на буџетот

Од:

„На дебаклот од митинг, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски добија јасна порака од граѓаните дека не сакаат блокади и деструкции. ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифатат овие пораки од граѓаните и да го променат својот деструктивен начин на однесување“, рече Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

„Во време на најголема глобална економска и енергетска криза сите партии треба да го стават интересот на граѓаните на прво место и така да постапуваат.

Темата за предвремени избори е затворена до 2024 година, сега граѓаните очекуваат од сите пратеници и политички партии да покажат одговорност и посветеност.

Потребно е вклучување на сите капацитети во поддршка на граѓаните и политиките за зголемување на животниот стандард на граѓаните, поддршка на компаниите и мерките за справување со последиците од кризата.

Ефикасноста во донесување на законите е еден од начините.

Оттука, ВМРО-ДПМНЕ преку своите пратеници во Собранието да даде поддршка на ребалансот на Буџетот за 2022 година кој влезе во амандманска расправа.

Овој ребаланс обезбедува дополнителни средства за нови антикризни мерки, за повисоки плати и пензии, за повеќе инвестиции во енергетиката и производството на храна и затоа е важно тој да биде усвоен што побрзо“, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он