ВМРО-ДПМНЕ на надзорната расправа се обиде да го пренасочи вниманието на вчерашното неусвојување на законот за земјоделство и рурален развој.
Побараа од СДСМ на две илјади семејства да им објаснат зошто не го гласале законот.
Игор Ивановски ги потсети дека нивниот коалициски партнер ДУИ гласаше против, од 56 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, 16 не го гласаат законот на чело со Силвана Бонева.
„ВМРО-ДПМНЕ си го урна законот. Вие објаснете им на земјоделците зошто не го изгласавте законот“, рече Ивановски.