ВИДЕО: Исклучените од парно најавуваат протести пред Собрание секој ден

Од:

Граѓаните исклучени од парно, а принудени да плаќаат паушал за греење, најавуваат дека од порта „Македонија“ каде што досега протестираа, ќе се преселат пред Собрание и ќе излегуваат на протести секој ден. Исклучените велат дека судскиот систем ги изневерил, никој не ги почитува веќе правилата кои се однесуваат на исклучените од парно, укажуваат на бројни неправди во тужбите против нив, немоќни се против извршителите за кои велат дека за долг од 2.000 денари им одземаат и по 20.000 денари.

Бараат Владата да најде решение за проблемите во кои се заглавени веќе четири години, или да си одат од институциите луѓето кои со помош и на нивните гласови се дојдени на власт.

„Ние имаме процеси во суд во кои што судиите не ни дозволуваат да ги образложиме нашите аргументи и докази. Не ни овозможуваат тонско снимање зошто во тој случај тоа ќе биде документирано и ние ќе имаме доказ што сме кажале таму. Ни повикуваат судска полиција иако немаат право на такво нешто за да ни прават притисок на рочиштата“, рече Агапи Тофиловска, во име на исклучените од парно.

Тие сами се застапуваат на рочиштата оти, како што велат, ниту имаат пари за адвокати, ниту пак имаат доверба во адвокатите. Нивниот став е дека во оваа земја тргнувајќи од адвокат до судија, деведесет отсто се за во затвор и бараат властите да почнат да затвораат ако сакаат нешто да сменат. Укажуваат дека постојат судии кои што ги изменуваат записниците и не им овозможуваат да го кажеме тоа што треба да го кажат, а кога ќе се пожалат на таквиот однос никој не реагира. Реагирале кај Судскиот совет, кај министерот за правда и кај претседателот на судот, но помош не добиле.

„Судиите Снежана Таневска, Бајалска, Татјана Поповска – Николовска, јас ова го зборувам од мое лично искуство, она што сум го видела, сум го пријавила и што никој не реагира, тоа не се судии. Тоа се сатрапи. Тие не знам ни дали го знаат правото, всушност сигурно го знаат но така им одговара. Главната поента во проблемот со граѓаните кои што некогаш се исклучени, а сега ‘Балкан енерџи’ ги тужи е во тоа што, на крајот на краиштата, кога сите го прекршиле законот, овие носат фалсификувани исправи како веродостојни исправи, нотарите врз основа на такви исправи носат нотарски решенија. Врз основа на тие нотарски решенија не повикуваат четири години на суд за да ние сега, вака самоуки, разбираме дека судот нема право да не повика на рочиште, не постои активна и пасивна легитимација на страна на странките во спорот. Во тој случај законот вели дека судот е должен со пресуда да го одбие тужбеното барање. Тие ги украле личните податоци, не поседуваат од ниту еден од нас матичен број. Нема никаква поврзаност помеѓу наводниот доверител и БЕГ и нашите станови, а они не судат четири години. Сега судиите се фатени со спуштени гаќи, да простите. Фатени се дека четири години работат криминал и сега не знаат како ќе го оправдаат“, рече Тофиловска.

Исклучените од парно велат дека се при крај со трпението, што беше очигледно на денешниот јубилеен 150 – ти протест кој мина во тензична атмосфера. Лути се на судиите, на нотарите, на извршителите, на старата и на новата власт, а рекоа дека се лути и на медиумите оти ги снимале, но не ги пренесувале нивните изјави.

(М.И.П.)

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов