ВИДЕО: Инспекцискиот совет избегна да расправа за спорните точки против инспекторите од Агенцијата за храна и ветерина

Од:

Владимир Гиновски, член на Инспекцискиот совет задолжен за областа 4 која се однесува на безбедност на храна, шумарство и ветеринарство денеска не се појави на седницата на Советот поради наводна болест што беше причина претставките против инспектори од Агенцијата за храна и ветерина да бидат изоставени.

Тој за своето отстуство на денешната седница го информирал Советот вчера откако редакцијата на А1он се најави дека ќе присуствуваат на истата.

Гиновски e членот на Инспекцискиот совет кој не пронајде ништо спорно во случајот со инспекторот за безбедност на храна, кој според сопственикот на ВНД-Компани, Владимир Јашевиќ, направил низа неправилности при вршењето инспекција во неговата компанија која врши кетеринг услуги. Сопственикот на ВНД-Компани имаше наведено дека инспекторот му го одзема бизнисот преку злоупотреба на службената положба, а во корист на неговото семејство кое имало конкурентна кетеринг служба.

Јашевиќ упатил преставка до Инспекцискиот совет за работата на инспекторот, но оттаму соопштиле дека не се пронајдени никакви неправилности во работата на наведениот инспектор кој исто така поседува фирма за кетеринг услуги. Ниту бил повикан инспекторот, ниту сопственикот, ниту пак истражиле нешто за случајот. За иронијата да биде поголема, Инспекцискиот совет веднаш го известил инспекторот кој следниот ден повторно оди во контрола на објектот на Јашевиќ.

Од видеата кои ги објави А1он може да се забележи како инспекторот со голи раце ги фаќа лебот, месото и останатите продукти, а притоа се допира за нос, уши и коса.

Инспекцискиот совет кој е одговорен за однесување на инспекторите досега не беше “под око“ на јавноста ниту некогаш медиумите му обратија внимание.

Во нов состав од септември досега, со в.д. претседателката Магдалена Филиповска Грашкоска од десетици претставки против инспектори, Инспекцискиот совет прифатил само една. Во сите други претставки не нашле ништо погрешно кај инспекторите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска

Инспекциските служби работат со поголеми овластувања, извршени 742 контроли, објект во Гостивар затворен на лице место

Ана Ололовска

Затворено кафулето во Тетово каде гостин се преставуваше како советник на Заев и ги бркаше инспекторите

Кристијан Ландов

Сигурни градови, Маалски полицаец, Комунална полиција и Е-инспектори за ред и правда

Ана Ололовска