(ВИДЕО) Абдулменаф Беџети: До 2017-та, ќе го надминеме јавниот долг од 60 насто

Од:

Владата не дава одговор на прашањето колку изнесува јавниот долг на Македонија, но според поранешниот гувернер на НБРМ Петар Гошев, тој изнесува над 50 насто и се движи нагоре.

Како што вели Гошев, одговорот секогаш треба да се бара преку бројни општествени јавни дебати, а тоа бара демократско владеење, кое во Македонија го нема. Сепак, тој смета дека капацитетот на задолжување е различен во секоја земја различно.

– Границата од 60 проценти од бруто домашниот производ, никогаш не е објаснета од стручно теоретска точка. Беспредметно е да се говори за ниво на јавен долг ако нема одговори на некои други важни прашања. Со колкаво јавно богатство располага Македонија? Колкав е износот на приватното богатство во однос на националниот доход. Каква е меѓународната инвестициона позиција на државата? Колкави побарувања по разни основи има од странство во вид на акции, депозити, хартии од вредност, директни инвестиции? И колкава е активата на остатокот од светот во Македонија? Во 2006 година сме биле во минус 37 отсто од БДП. Овој концепт на распродажба, концесии отстапки, триста чуда, ја прави Македонија се повеќе поседувана земја од странство. Овие луѓе не разбираат што е глобализација. Ако сте оцениле дека ризично ниво е 60 проценти – каде ќе се обратите и што ќе направите? – прашува Гошев.

Според поранешниот гувернер, во врска со јавниот долг постојат две основи за фалсификат: не се даваат податоци колку тој реално изнесува и дека дефиницијата што не важи за меѓународната заедница, ќе важи за Македонија.

Тој го посочи и примерот со Србија, каде јавниот долг изнесува 63 насто од бруто домашниот производ, па затоа се принудени да ги намалуваат платите и пензиите. Според универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети, во последните 5 години, институциите убедуваат дека треба да се троши, но, сепак тој не се согласува со ваквата практика на потрошувачка.

– Според новата методологија на пресметка на јавниот долг, се планира дека до тој период 2017 – та година, ние ќе го достигнеме плафонот. Какви ќе бидат економските циклузи следната година во ваков надворешен неизвесен макроекономски амбиент? Што ако нам ни се потребни поекспазивни фискални политики и зошто ни се вакви формални граници, кога веќе постојат според договорот од Мастрихт – прашува Меџети.

За економскиот аналитичар Кире Наумов, надминување на 60 насто јавен долг, значи дека по автоматизам ќе треба да падне Владата. Вели дека не може да се дискутира за следните активности поради затвораноста на институциите во однос на нивното трошење на партите.

– Власта постојано се вади на некои други земји. Не постои механизам да не се надмине рамката од 60 насто јавен долг. Што ќе се прави кога ќе се прекрши Уставот, кој ќе преземе одговорност – прашува професорот.

Тој ја посочи Словачка како пример дека јавниот долг е дефиниран како во Европската унија, а со закон имаат утврдено и референтни стапки во случај на надминување на границата од 60 насто јавен долг од БДП.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој