ВИДЕО: Ги чувале лимоните за да ги продадат откако ќе скокне цената, детални проверки во пет компании

Од:

Инспектори на Државнот пазарен инспекторат прават детални проверки кај неколку големи компании увозници на јужно овошје по огромниот скок на цената на лимоните. Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат објасни дека за проверките ќе им треба повеќе време оти се споредуваат увозните цени, маржите и залихите кај компаниите увозници, а истовремено се прават контроли и кај малите трговци. Директорот Пауновски вели дека лимоните е очекувано да бидат поскапи не онолку колку што беа пред да се воведе владината мерка за ограничување на маржата.

„За лимоните откако излезе одлуката за најголема маржа за јужно овошје утврдивме дека 4-5 големи компании намерно имаат шпекулативен однос кон пазарот. Не го појавуваат овошјето со цел цената да се зголеми. Контролите кај големите трговци ќе потраат. Треба да ги видиме залихите, што набавувале по 11. 03 за што бараме документи од Царината. Инспекторите одат и во книговодството на компаниите, да видат колку им била маржата од 01.01 до 11.03, од таа маржа поголема не смеат да пресметуваат на овошјето од увоз по 11.03. Има намерно прикажување на недостаток, сигурно преку инспекцискиот совет ќе известиме и за тоа. Лимоните ќе бидат поскапи но не со овие цени со 50 посто разлика. Ако маржата пред овој датум била 20 – 25 посто ќе мора да ја вратат“, рече директорот Пауновски.

Во петокот минатата недела Владата со уредба ја замрзна цената на лимонот и другото јужно овошје. Ги задолжи компаниите за јужното овошје да пресметуваат маржа како што пресметувале во периодот од први јануари до единаесетти март годинава, кога Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирусот.

„Според податоците добиени од Царинската управа на Северна Македонија за период од 11.03.2020 година до 19.03.2020 година увозната цена на портокалите се движи од 15 денари за килограм до 29,7 денари за килограм. Најизразена е маржата кај лимоните со оглед на тоа што увозната цена се движи од 32,3 денари по килограм до 45 денари по килограм. На ден 19.03.2020 година увозната цена на лимонот била 35 денари по килограм, а малопродажната цена достигна и до 180 денари по килограм“, соопшти во петокот Министерството за економија.

Директорот Пауновски апелира граѓаните да ги пријавуваат поскапените производи и покрај замрзнатите цени и објасни дека доколку кај некој трговец се повторува истата неправилност покрај предвидената казна ќе му биде одземена и стоката во корист на државата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on