Половина милион луѓе во Македонија живеат во сиромаштија, а нивниот број постојано се зголемува. Еден член на семејство што прима социјална помош, треба да преживее со 22 денари дневно. Стечајните работници се уште чекаат владата да го реши нивниот статус.
Невладината „8-Септември“ изработи документарен филм „Македонија-земја на социјална неправда“. Тој укажува на нефункционалниот систем на социјална заштита во Македонија. Филмот ги бележи животните стории на социјално загрозени граѓани и стечајни работници, а еден од нив ги сумира лошите политики на владата со реченицата „Зошто да ги гледам спомениците кога нема што да јадам“.
Филмот е дел од проектот: „Солидарност, ударна тупаница во борбата против сиромаштијата“, проект кој е спроведен од 8-ми Септември, а поддржан од Фондација Отворено општетсво –Македонија. Филмот е сниман во втората половина во 2014 година. Автор на филмот е Џелал Хоџиќ. Во периодот кога e сниман филмот се уште не биле достапни податоците за бројот на семјества приматели на социјална помош во 2013 година.