(ВИДЕО) Арсовски: Земјоделците се соочуваат со катаклизма откако СДСМ е на власт

Од:

Земјоделците се соочуваат со катаклизма во секоја област во овие 15 месеци откако СДСМ е на власт. Откуп речиси во ниту една гранка од земјоделието нема, а и таму кај што има е по цени пониски од реалните трошоци на производителите, односно производителите одат во загуба. Впрочем за тоа најдобро може да посведочи вредниот народ тука во Струмица кој што се занимава со земјоделие. Пропадната година е за производителите на домати, бостан, зелка и краставица. Трудот на земјоделците не беше воопшто вреднуван, производите скапуваа по нивите или се фрлени по ѓубриштата, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сликите од скапани домати, бостан, зелка, но и сливи кои што ги истураа производителите, праски низ целата држава станаа секојдневие, се поради отсуството на политики на оваа власт поврзани со земјоделието. Сега сме во пресрет на откупот на пиперката за ајвар. Очекуваме дека министерот Николовски конечно ќе ги напушти кабинетите и канцелариите и ќе излезе помеѓу земјоделците, барем откупот да помине со што е можно помалку проблеми од минатите откупи. Потсетуваме дека струмичкиот регион пред извесно време беше зафатен со огромна непогода, а обесштетувањето на земјоделците не е се уште направено исто како што има проблеми и со исплатата на субвенциите. Сето тоа говори дека оваа Влада нема чувство за потребите на земјоделците, за нивниот труд и за нивната мака која што ја вложуваат за да ги одгледаат производите. Од земјоделието тука во Струмица и во цела Македонија живеат десетици илјади семејства. Тие гледаат дека оваа година се оставени сами на себе и не можат да се потпрат на министерството за земјоделие кое поради својата неодговорност и неспособност предизвикува повеќе штети, отколку што им нуди и им дава решенија на производителите на земјоделски култури, рече Арсовски.

Тој вети дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде помеѓу народот, помеѓу земјоделците и ќе понуди излез за состојбите во кои што, според него, ги втурна оваа Влада на СДСМ земјоделците.

– Тоа е гранка која е особено важна и која не трпи аматеризам од власта, бидејќи една пропадната сезона за земјоделецот се рефлектира во нивните наредни три сезони, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ