(ВИДЕО) Арсовски: Министерот Бектеши си ја вработил сестра си во МЕПСО

Од:

Министерот за економија, Крешник Бектеши, си ја вработил својата сестра Влора Бектеши во правната служба во МЕПСО, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Додека младите си заминуваат од државата не можејќи да најдат работа, додаде тој, цела Влада или си ги вработува своите најблиски на функционерите во државната администрација или си добиваат тендери преку своите фирми.

„Сестрата на Бектеши очигледно е најдостоен кандидат за работа во правната служба за разлика од илјадници млади коишто дипломираат на правните факултети секоја година. Сведоци бевме и претходно како власта си ги вработува најблиските. Талат Џафери и Мирослав Грчев си ги вработија своите деца во државната администрација, како и портпаролот на СДСМ, којшто си ја вработи својата мајка во Централниот регистар. Додека илјадници луѓе аплицираа на владините огласи, власта на СДСМ само си ги вработува своите роднини и пријатели“, рече Арсовски.

Тој обвини дека СДСМ се подготвува за изборен фалсификат.

„СДСМ се обидува да премолчи мега скандал, каде што во предизборна година, веднаш пред претседателските избори, носат план за вработување на над 700 партиски војници на СДСМ. СДСМ веднаш пред изборите почна со корумпирање на гласачите и гласачкото тело, вработувајќи партиски војници. Ова претставува вовед во можна изборна манипулација и може да се толкува како корумпирање на гласачкото тело. Изборниот период сè уште непочнат е компромитиран со сомнеж за предизборна корупција од страна на СДСМ и Владата“, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние на нивен телефонски повик како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска