(ВИДЕО) Анѓушев: Рекордно ниво на странски директни инвестиции во 2018 година од 624,5 милиони евра

Од:

Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања, Кочо Анѓушев и директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски на денешната прес-конференција соопштија дека во 2018 година, Народната банка, забележала највисоко ниво на странски директни инвестиции во историјата во вредност од 624,5 милиони евра.

Вицепремиерот за економски прашања посочи дека нивото на странски директни инвестиции во Република Северна Македонија во 2018 година е за 276% повисоко во однос на просекот во претходните 8 години и за 82 % повисоко од претходно најдобрата 2011 година.

„Претходно гледавме многу лопати, ленти, маркетинг, виртуелна економија, промотори и роуд шоа и потрошени над 225 милиони евра за привлекување на странски инвестиции со резултати како што ги знаеме. Со посветеност и јасна визија за модернизација и индустријализација на стопанството, со нула трошоци за маркетинг, постигнавме резултатите кои се 276% повисоки од просекот во последните 8 години“, нагласи Анѓушев.

Владата на Република Северна Македонија во изминатите година и половина успеа да привлече 18 нови, реномирани странски инвеститори, со повисок степен на технолошки развој, кои креираат подобро платени работни места.

„Сите овие компании се компании кои ќе исплаќаат над 300 евра просечна плата и кои креираат работни места за високо едуциран и професионален кадар, нема веќе компании кои креираат трудоинтензивни работни места. Зборуваме за компании кои користат високи технологии и кои ќе креираат по неколку стотини работни места за високо едуцирани и квалификувани кадри со што се надеваме дека ќе ги мотивираме нашите млади луѓе да останат во својата земја. Претстои силна индустријализација во нашата земја, како резултат на работата на економскиот тим на Владата, но и како резултат на пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО, што дава стабилност на државата, но и охрабрување за инвеститорите“, изјави Анѓушев.

Вицепремиерот додаде дека и нивото на странски директни инвестиции во четвртиот квартал на 2019 година е на највисоко ниво досега во споредба со истиот кваратал во претходните години, од над 311 милиони евра.

Директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Алекснадар Младеновски посочи дека дирекцијата посветено работи на подобрување на условите во зоните со цел да се обезбедат подобри услови за работа на инвеститорите.

„Во 2018 година компаниите од зоните забележаа извоз од околу 2,5 милијарди евра, што е за околу 20% повеќе од 2017 година. Зоните ги развиваме во забрзано темпо, дел од нив беа недоволно развиени. Ќе започнеме со изградба на ТИРЗ Скопје 3, во ТИРЗ Штип ќе започнеме со реализација на гасовод, во ТИРЗ Струмица се гради терминалот, последиот дел од заоната. Во ТИРЗ Прилеп се гради приклучниот пат, водоводот и канализацијата се завршени, во ТИРЗ Струга исто така се гради приклучен пат, додека водоводот е завршен лани, а во ТИРЗ Кичево се доградува внатрешната инфраструктура. Сите овие инвестиции ги правиме во насока на побрзо завршување на зоните и обезбедување на подобри услови за работа на компаниите, што очекуваме да резултира со отворање на нови работни места“, кажа Младеновски.

Би можело да ве интересира

Анѓушев на Машински факултет: државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

Мојсоска: ДПМНЕ ја брише Република Македонија од законите додека Грција го укина Центарот за македонски јазик

Кехаја: Договорот од Преспа предвидува дека името на државата е неотповикливо

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ

Грчкото МНР ги известува земјите низ светот дека непроменетите македонски пасоши стануваат неважечки

А1он