(ВИДЕО) Анѓушев: Надминат проблемот во „Колска“

Од:

Надминат е проблемот во фабриката за шински возила „Колска“, Владата обезбеди пари за плати на вработените и за нормална работа, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

На средбата што ја имал изутрината со вработените во Колска, а кои протестираа вчера, како што рече Анѓушев, лично потврдил дека Владата има решение за нивниот проблем, бидејќи очигледно некој манипулира и пренесува погрешни информации на работниците.

– Владата донесе заклучок со кој се обезбедени 15 милиони денари за Колска, со кои не само што ќе се исплатат плати, туку ќе се искористат и за набавка на репро материјал, за фабриката да продолжи да работи. Многу важно за работниците е фабриката да има иднина и да продолжи да работи и функционира, а сето тоа ќе се изведе во рок од седум до десет дена, согласно законските процедури, рече Анѓушев.

Според Анѓушев, работниците на „Колска“, биле задоволни од она што го слушнале на средбата, надминати се недоразбирањата и пренесени се вистинските информации поради што очекуваат надминување на нивните повеќегодишни проблеми.

Вработените во „Колска“, единствената фабрика за сервисирање делови на возови во Македонија, вчера одржаа двочасовен протест со блокада на железничкиот сообраќај кај Велес.

Би можело да ве интересира

Државна фирма загубар од Велес плаќа 4.000 евра ѓубрарина: Општината му ги покрива минусите на „Дервен“

A1on

Владата го разреши раководството на фабриката Колска

„Колска“ втор ден со блокада на возовите на железничката станица во Велес

Ана Ололовска

Создадени услови за редовно работење и плати во „Колска“

Наум Локоски

(ВИДЕО) Табаков: Заев брутално си поигрува со вработените на Колска

Ана Ололовска

Стојановски: Поминаа 94 дена од големите ветувања на Заев и Анѓушев за „Колска“, но наместо плати вработените добија само лаги и измами

Наум Локоски