Стојановски: Поминаа 94 дена од големите ветувања на Заев и Анѓушев за „Колска“, но наместо плати вработените добија само лаги и измами

Од:

Марјан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиуми рече дека Зоран Заев и Кочо Анѓушев ги излажаа вработените во „Колска“, кои шест месеци се без плата и без исплатени придонеси за здравствено осигурување.

– На 27-ми јуни Зоран Заев и Кочо Анѓушев целите полни со себе, ветуваа дека уште наредниот ден ќе преземат обврски за решавање на проблемите на фабриката „Колска“ и решавање на статусот на вработените. Повикаа цела тајфа на новинари за да се сликаат, смешкаат и себеси да се претставуваат како спасители на „Колска“. Ги гледаа во очите вработените и ветуваа исплата на нивните плати во најкус можен рок. Ветуваа и лажеа. Денеска е 28-ми септември. Поминаа цели 94 дена од големите ветувања на Зоран Заев и Кочо Анѓушев, но наместо плати, вработените од „Колска“ од нив добија само лаги и измами, рече Стојановски.

Тој додаде дека платите што Заев и Анѓушев ги ветуваа не ги исплатиле, а од големите најави за трајно решение за фабриката нема ниту трага, ниту глас.

– Денес Заев и Анѓушев повторно ги лажат вработените, а претходно истото го правеше и Аце Коцевски, нивниот вечен кандидат за градоначалник. Да се потсетиме. Аце Коцески на изборите во 2005 година ветуваше француска инвестиција „Лор“ за фабриката, а после изборите сето тоа го заборави. Денеска повторно Коцески е кандидат на СДСМ за градоначалник, рече Стојановски.

Тој рече дека додека за вработените во „Колска“ цели шест месеци немаат плата, цел Велес и Македонија гледа како истовремено СДСМ ги полни институциите со партиски послушници и роднини на функционери.

– За партиските потрчковци на СДСМ пари има, а за вработените во „Колска“, плата нема. Ова ли е животот којшто го ветувавте? Ова ли е зборот кој што се чукавте вгради дека ќе го одржите? Заради лагите и нечовечкото однесување спрема вработените во „Колска“, Заев и Анѓушев ќе ја добијат казната на локалните избори на 15-ти октомври, рече Стојановски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов