ВИДЕО: АД МЕПСО со 100 милиони евра го подобрува електро-енергетскиот преносен систем

Од:

Подобрена доверливост и квалитет на напојувањето со електрична енергија и зголемена флексибилност во управувањето, а истовремено и намалување на ризиците од испади и дефекти и сведување на минимум на трошоците за одржување и експлоатација со постројката ќе се постигне со реконструкцијата на трансформаторската станица „Скопје 4“ што ја врши АД МЕПСО.

Ова беше посочено при денешниот увид во тековните активности од проектот „Реконструкција на ТС Скопје 4“ што го направија вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска заедно со генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева и директорот на канцеларијата на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) Анди Аранитаси.

Со реконструкцијата, како што истакна Шуклева, ќе се замени стара и дотраена опрема која е во функција околу 45 години со нова, современа високонапонска опрема. Вредноста на проектот изнесува 4,9 милиони евра, финансирани со заем од ЕБОР, а изведувач на работите е компанијата „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашниот подизведувач „Тимел Проект”.

-Реконструкцијата опфаќа замена на сите разделувачи, потпорни изолатори и мерни трансформатори во трафо и мерни полиња на 400 киловолтно напонско ниво, замена на сите прекинувачи со нови темели и носачи, разделувачи и мерни трансформатори на 110 киловолтно напонско ниво, набавка на системи за далечински надзор и управување(SCADA), како и системи за релејна заштита. Реализацијата на проектот се одвива според утврдената динамка на работа. Договорот е започнат на почетокот на 2019 година со план на реализација од 30 месеци, изјави Шуклева.

Реконструкцијата, додаде, ќе му помогне на македонскиот електро-енергетски систем за задоволување на идни технички барања на европскиот ENTSO-E систем (European network of transmission system operators for electricity) преку подобрување на контролата и параметрите на системот.

-„Скопје 4“ е многу важен енергетски јазол од каде со електрична енергија се напојуваат потрошувачите во Скопје и околината. На оваа преносна трафостаница се поврзани важни дистрибутивни трафостаници како Југ Нова, коjа го напојува дел од централното градско подрачје, ТС Аеродром, главна напојна точка на општините Аеродром и Лисиче, ТС Исток, индустриска зоно во источниот дел од градот Скопје, Mаџари, ТС Драчево, цел регион на општина Кисела Вода со индустриската зона во Драчево, Трансформаторската станица на Железница, Индустриската зона Бунарџик и Аеродромот Скопје и градот Велес. На 400 киловолтно напонско ниво, е поврзан со ТС Скопје 5, а преку него со Косово, како и со ТС Дуброво кај ТЦ Неготино и Битола 2 што се напојува од РЕК Битола, посочи Шуклева.

Вицепремиерката Царовска истакна дека АД МЕПСО МЕПСО во изминатиот период покажа дека може да инвестира во обнова и изградба на електро-енергетската инфраструктура, се со цел да обезбеди многу постабилен пристап до електрична енергија во нашата држава.

-МЕПСО за само 2,5 години реализира проекти во вредност од 100 милиони евра, дел од средствата се обезбедени од самата компанија, дел од меѓународни финансиски институции, што укажува дека модернизацијата и подобрувањето на преносната електро-енергетска мрежа е приоритет за нашата држава. Оваа трафостаница ги снабдува со електрична енергија компаниите од технолошко индустриската зона Бунарџик, значајни за економскиот развој, а обезбедува електрична енергија и за железничката инфраструктура, која како Влада, ја сметаме исто така важна, инвестираме и во нејзиниот развој, се со цел да обезбедиме побезбеден транспорт за нашите граѓани и транспорт на стоките, рече Царовска.

Реконструкцијата на овој значаен енергетски објект, додаде, директно влијае на подобрување на економската состојба, преку развојот за пристапот и стабилноста во снабдувањето со електрична енергија, како за домаќинствата, така и за големите индустриски капацитети, домашни и странски инвестиции.

Директорот на Канцеларијата на ЕБОР Аранитаси посочи дека реконструкцијата на ТС „Скопје 4“, значаен енергетски инфраструктурен објект за стабилно снабдување на главниот град, е дел од 25-милионскиот прект финансиран од ЕБОР со кој ќе се реконструираат пет трафостаници и седум 110-киловолтни далекуводи низ целата држава.

-Овој проект е потврда за нашата посветеност кон земјава и регионот, рече Аранитаси.

Би можело да ве интересира

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски

ВМРО – ДПМНЕ: Обвинителството да отвори предмет за сомнежите за криминал во МЕПСО

Реакција од МЕПСО: Во голема паника, ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

Директорот на МЕПСО кој му е братучед на Изет Меџити потроши 15.000 евра за цвеќе тврди ДУИ

Катерина Ѓуровски