Вицепремиерот Анѓушев: Реформите во енергетиката се потребни и силно ќе работиме на нивна реализација

Од:

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на неформалниот состанок на министри за енергетика, индустрија и трговија кој се одржа во градчето Дурштајн во Република Австрија.

Неформалниот состанок на министри за енергетика, индустрија и трговија се одржа на иницијатива на Еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Н.Е. г. Јоханес Хан и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница г. Јанез Копач.

Главна тема на состанокот беше измената и дополната на Договорот за Енергетска заедница, во чие креирање Република Македонија активно учествува. Измените во Договорот за Енергетска заедница се однесуваат на одредби со кои се поттикнува повисок степен на имплементација на европското законодавство во земјите потписнички на Договорот, како и на дефинирање на правилата за соработка помеѓу земјите потписнички на Договорот.

Вицепремиерот Анѓушев за време на своето обраќање пред присутните потенцираше дека Владата на Република Македонија ќе го вложи сиот потенцијал и капацитет за спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор, како еден важен чекор кон доближување до преговорите за членство во Европската Унија.

– Енергетската заедница е во право кога вели дека Македонија е една од земјите, којашто има најмногу неусогласености на домашното законодавство со Договорот за енергетска заедница, а токму поради тоа и ја оценува нашата земја како последна во регионот во однос на спроведување на реформи во енергетскиот сектор. Неколку години реформите во енергетиката се замрзнати, нашата работа ја започнуваме како последни во регионот, но верувам дека тоа ќе го смениме и ќе го фатиме чекорот со другите земји од Западен Балкан. Ќе работиме посветено, професионално и одговорно, со цел да ги забрзаме реформите во енергетскиот сектор, посочи Анѓушев.

Анѓушев дополни дека владата интензивно ќе работи на нов закон за енергетика во кој би биле имплементирани одредби за третиот пакет на либерализација на пазарот за гас и електрична енергија. Воедно ќе се работи и на нов Закон за енергетска ефикасност преку кој ќе се изврши усогласување со Директивите за Енергетска ефикасност и Енергетски перформанси на објектите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции