Венецуелскиот претседател ја зголеми минималната плата во земјата

Од:

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја зголеми за 50 отсто минималната плата и пензија во земјата, петти пат за една година.

Целта на ваквата одлука на Мадуро е да бидат заштитени работниците од највисоката инфлација во светот.

Шефот на државата вчера изјави дека месечната плата ќе достигне до вкупно 104.358 боливари, или околу 30 долари на црниот пазар. Минималната плата е зголемена за 40.683 боливари.

Мадуро ја најави оваа мерка во момент кога се обидува да ја убеди опозицијата, која има мнозинство во Парламентот, да се откаже од обидите да го собори од власт и да го продолжи учеството во преговорите со посредништво на Ватикан за надминување на политичката и економската криза во Венецуела.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Андоновски за обвинувањето од Венецуела: Авторитарен режим кој лиферува чинформации без докази

Катерина Ѓуровски

Венецуела обвини: Не можат да ги пребројат гласовите поради нападите од Северна Македонија

Предраг Петровиќ

Шојгу со поддршка за Венецуела во отпорот против САД

СИРИЗА реагира на одлуката на Владата за признавање на Гуаидо за привремен претседател на Венецуела