Велика Британија со најниска стапка на невработеност од 1974 година

Од:

Стапката на невработеност во Велика Британија на почетокот на годината е најниска од 1974 година, но платите и понатаму заостануваат зад растечката инфлација, покажуваат официјалните податоци на соопшти Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Во првото тримесечје стапката на невработеност се намали на 3,7 отсто, што е најниско ниво од последниот квартал од 1974 година.

ОНС посочува дека првпат имало помалку невработени лица отколку слободни работни места, иако падот на стапката беше поттикнат и од зголемувањето на бројот на луѓе кои го напуштаат пазарот на трудот.

Според ОНС дека редовните плати, без бонусите, во март се намалиле за 2,9 проценти, а инфлацијата беше на највисоко ниво од ноември 2011 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година